Раководителка за односи со заедницата. Образованието ми даде можност да патувам, да стекнам самодоверба и да работам во различни области што никогаш не би ги истражувала без да бидам охрабрена од моите професор(к)и. Високото обазование исто така ми даде време и слобода да навлезам во различни студиски области. Без моето образование на Универзитетот во Минесота, никогаш немаше да го откријам португалскиот јазик, кој ме одведе на патот да ги откријам Португалија, Бразил и Капо Верде. Ме води љубопитноста и мојата желба и страст да продолжам да истражувам и да доживеам колку што е можно повеќе. Би сакала да го споделам ова и со други жени и да помогнам за да охрабрат да ја разгорат сопствената љубопитност и да ја негуваат својата уникатна способност да обликуваат својот свет.