Докторка по медицински науки. Отворена и флексибилна сум за да учам и да се снаоѓам со нови нешта, да ја подигнувам свеста и да воведувам нови теми. Јас сум тимски играч и лесно можам да работам со луѓе од различни генерации и етникуми. Имам и организациски вештини кои ми помагаат да работам ефикасно и продуктивно. Сум организирала многу кампањи за подигнување на свеста, како што се „Борба против карцином на дојка“, „Да се ​​дојде до 0 – ХИВ/СИДА“, „Муември“ и „Да ставиме крај на насилството врз жените“. Дејствувајќи во овие проекти научив колку е тешко да се работи со ваквите ранливи проблеми во заедницата што нè опкружува. Сепак, позитивниот исход се однесува на фактот дека штом еднаш ќе им се даде можност на луѓето, тие секогаш истапуваат и дискутираат за тоа што им е важно. Образованието ме натера да се развивам лично и да бидам социјално освестена. Ми овозможи да бидам добро информирана за моите права и моралните и етички одговорности со кои се соочувам во животот во интеракција со различните луѓе и да се справувам со различни проблеми во различни околности. Што е најважно, тоа ме научи на важноста да ги користам стекнатите вештини и знаења во посветеноста и влијанието врз општеството во кое живеам. Најмногу сум инспирирана од жени кои се борат и се стремат да ги претворат слабостите во јаки страни. Навикнати сме да слушнаме за приказните на најистакнатите светски играчи, хероините и успешните приказни што ја обликувале историјата. Како и да е, и во секојдневниот живот среќаваме извонредни луѓе кои се жени. Меѓу овие хероини се и мајката што е самохрана родителка, жената која се бори со дислексија, жената која се бори против сексуалното вознемирување. Овие модели на извонредност служат како инспирација и за сегашните и за идните генерации.