Професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна. Моето академско и стручно образование во странство беше вреден придонес за лично подобрување и размена на искуства, пренесување на знаењето не само помеѓу студентите, туку и пошироко на национално и меѓународно ниво, идентификување на вообичаените проблеми и предлагање решенија за најдобар квалитет на свежите производи како дел од нашиот живот. Со оглед на моето професионално искуство, ќе имам шанса за директно пренесување на резултатите до новата генерација; спроведување на активности за економско зајакнување на жените од руралните обласи; зајакнување на нивните лидерски вештини; создадавање можности за соработка од кои повеќе млади жени можат да имаат придобивка во иднина, особено ранливите групи од руралните подрачја.