Oпштествен ангажман на Сара започнува во Црвениот крст, а подоцна се развива во насока на залагање за родова еднаквост, солидарност и слобода на говор во различни невладини организации, платформи, конференции, иницијативи и слично. Нејзиното огромно искуство во активна дебата, натпревари и подоцна предавање на дебата за помладите генерации ѝ помогна во јавното справување со клучни општествени проблеми. Граѓанскиот активизам, од друга страна пак, ја насочува да ја разбере потребата за директна демократија и активно учество на граѓан(к)ите во демократските процеси. Покрај тоа, таа работи како новинарка и креаторка на содржини во Медуза, првата феминистичка платформа во Северна Македонија. Концептот на менторство и поддршка бил присутен во нејзиниот живот уште од рана возраст. Нејзиното воспитување одигрува клучна улога во тоа која е денес. Воспитувана од самохрана мајка, која е поетеса и борка за општествени каузи, ја претвори во идеалистка, кој верува дека само преку здружување и работење кон заедничка цел можеме да ја подобриме позицијата на секоја индивидуа во општеството. Затоа е толку горда што е ко-основачка на Стела.