Доцентка на Империјалниот колеџ во Лондон. Сметам дека влогот во образованието беше една од најдобрите и најважните одлуки во мојот живот. Тоа ми даде можност да студирам во странство (почнувајќи од мојите дипломски студии), да бидам менторирана и да учам од некои од најдобрите експерти во светот (за време на магистерските и докторски студии). Мојата последна специјализација ми овозможи да работам на најсовремени истражувања што можат да влијаат и да ги оформат секојдневните практики и во индустријата и во општеството. Во моментов сум дел од широката мрежа на луѓе од индустријата и академијата кои работат на моето поле. Минатата година, ја добив работата што ја посакував (станав предавач/доцент) на голем универзитет (Империјалниот колеџ во Лондон), каде можам да изградам своја истражувачка група и да учам и менторирам паметни и мотивирани студент(к)и со различно потекло. Секоја жена треба да инвестира во своите соништа и аспирации – сè е можно со правилен начин на размислување и став