Во моментов работам како изражувачка на пост-докторски студии. Образованието отвори многу можности за мојот личен и интелектуален раст. Образованието нè изложува на различни гледишта и нè учи како да размислуваме критички и надвор од рамките што сме ги наследиле преку семејното воспитувањето или основното образование и социјализација. Мене ми овозможи да запознаам многу инспиративни луѓе, пријател(к)и и колеги/шки и многу ги прошири моите хоризонтите. Би сакала жените да бидат амбициозни и самоуверени и да се стремат надвор од она што се очекува од нив во рамките на нивните тесни социјални и локални средини. Би сакала да ги споделам искуствата за градење кариера во високото образование во странство и да ги охрабрам македонските жени да ја негуваат својата интелектуална љубопитност и талент и да се ангажираат самоуверено да соработуваат со колегите/шките и врсниците/чките од странство.