Уредничка на списанија и дигитален стратег. Образованието го отклучи светот за мене. Ми даде речник да ги артикулирам своите прашања и алатките за да ги барам одговорите. Јас бев крајно привилегирана секогаш да посетувам одлични училишта, и јавни и приватни, а моите родители го зајакнуваа моето образование дома. Тешко е дури и да се започне со барање на трагите на влијанието на образованието врз мојот живот, бидејќи сметам дека нема дел од мојата реалност што не ја допрело. Од изложувањето на нови идеи, до запознавањето со професорите, менторите и пријателите кои помогнаа да се обликувам својот развој, образованието ми отвори врати кои инаку би ми биле затворени. Во глобализираното патријархално општество каде женските гласови се маргинализирани (ако не и замолчени), сметам дека една од највредните работи што жените можат да ги споделат со другите жени се нивните сопствени приказни. Тоа е прв чекор кон нормализирање на искуствата на жените, а не само за нормализирање, туку и за славење. Иако отсекогаш бев свесена дека моето гледиште како жена не е таканаречениот „главнотековен“ наратив, најакутно свесна за тоа станав кога бев бремена. Дотогаш, секогаш бев во можност да се снаоѓам во машкиот свет – стратешки – со минимална непријатност, но ова стана многу попроблематично за време на бременоста, кога мојата „женскост“ стоеше буквално во преден план. Го смени начинот на кој се однесував во општеството и начинот на кој мажите комуницираа со мене, но што е уште поважно, тоа ја зголеми мојата свесност за се’ она што жените ризикуваат, истрпуваат, преживуваат и совладуваат низ целиот свет и под свои услови. Секоја жена е различна, и патешествието на секоја жена е различно; најдобро се поддржуваме едни со други кога ги споделуваме нашите приказни, кога меѓусебно се слушаме и кога се обединуваме околу она што ни е заедничко.