Во моментов работам како советничка за надворешна политика на Премиерот на Република Македонија. Имам долгогодишно консултантско искуство со локалните самоуправи во Македонија и сум работела во и водела различни невладини организации во текот на мојата кариера. Од 2014 година јас сум една од основачките членови и програмски директорки на Институтот за истражување – Импакт, водејќи проекти поврзани со дигиталната демократија и добро владеење од почеток до крај. Исто така сум и на докторски студии по Политички науки на Централноевропскиот универзитет, со оглед на тоа што поголем дел од моето истражување и професионален ангажман е посветен на приближување на локалните власти до граѓан(к)ите и истражување на тоа како меѓународната политика влијае врз локалниот демократски и економски развој. Како вработена мајка на 18-месечно момче, свесна сум за неопходноста од иницијативи како Стела, кои фрлаат светлина врз секојдневните борби со кои се соочуваат жените, честопати морајќи да избираат помеѓу имање или семејство или успешна кариера. Ова е една од главните причини зошто сум посветена на мисијата на Стела.