Проектна асистентка во Милиеуконтакт Македонија. И формалното и неформалното образование беа клучна компонента во градењето на мојата моментална личност, системот на вредности, професијата и секојдневното, како и долгорочното донесување одлуки. Она што ме инспирира секој ден е убавината и хармонијата на природата, како секое живо суштество со своите физиолошки процеси совршено се вклопува во биосферата, колку е неверојатен овој систем. Волјата за одржување на оваа хармонија е она што ме тера да напредувам во мојата професија. Инспирирана сум и од добрите луѓе, од нивните несебични добри дела, добрината и љубовта. Додека креирањето музика, фотографијата, пливањето, одбојката и пешачењето се моите секојдневни генератори на енергија.