По интересната дискусија и впечатоците од средбата со девојките и жените од с. Раштани, Велешко, продолжуваме да дискутираме на тема „Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството – Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата?“ во с. Вруток, со сите заинтересирани од Гостиварскиот регион.

Целта на дискусиите во заедниците кои ги организира Стела низ
различни места во Македонија е да се отпочне отворен и инклузивен општествен дијалог за ситуациите со кои се соочуваат жените и девојките во академскиот, професионалниот и секојдневниот живот во земјата.

Дискусијата ќе се одржи на 12.02.2019 г., со почеток од 17 h во ресторанот Буриме Тре, с. Вруток.

Ве очекуваме!