Како ги балансираме домашните и работните обврски?
Уморни ли сте од двојните стандарди?
Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата?

Овие и многу други прашања ги отвори тимот на Стела во заедниците низ Македонија. По Богданци, Куманово, Штип и Битола, Стела ја заокружува првата сезона на дебати поврзани со локалните родови реалности, овој пат во Струмица, со подршка на нашиот локален партнер: Центарот на заедниците на општина Струмица.

Преку споделување на сопствените перспективи, лични и професионални, на овој настан ќе разговараме со Светлана Мазгалоска Вучетиќ, поранешна пратеничка, а воеднo и тренер за родова еднаквост.

Настанот ќе се одржи во канцеларијата на Центар на заедницата на општина Струмица, која се наоѓа во просториите на Дом на АРМ во Струмица.