Професорка на Колеџот UWC Махиндра. Образованието одигра огромна улога во мојот живот. Моето образовно патување започна со раното и насочено музчко образование се’ додека не наполнив 17 години, продолжувајќи со целосниот опсег на Либералните уметности, и збир на еклектични и разновидни според успех постдипломски потфати. Јас сум едукаторка, и ме води страста кон создавање трансформативни образовни искуства. Постојано размислувам за тоа зошто треба да се образоваме, вредностите врз кои се потпираат нашите пристапи кон подучувањето и учењето, и моќта и политиката на знаењето. Се водам од критичкиот оптимизам дека начинот на кој што моментално се работите, не е начин на кој тие мора да бидат, како и незапирливоста, смелоста, восхитот и нелагодноста што ги носи создавањето на подобра иднина. Верувам во капацитетот на моите со-жени за морална фантазија, извондредно водство и практично влијание.