Јас сум вонредна професорка на Универзитетот „Кирил и Методиј“.
Отсекогаш сум била дел од образовниот процес, или како ученичка/студентка, или како едукаторка. Од 2001 наваму, предавам и воспитувам и македонски и меѓународни студент(к)и. Во 2006 година имав можност да ги посетам САД како добитничка на стипендијата Фулбрајт и тоа ми беше освестувачко искуство кое имаше влијание врз мојот професионален живот. Од 2008 до 2011, бев на на постдипломски студии на Универзитетот Пурдју, САД, и се вратив дома да работам на Катедрата по англиски јазик на Филолошкиот Факултет. Веќе подолго од две години сум вклучена во изготвувањето на новиот Закон за високо образование како дел од Професорскиот пленум, што подразбира и сериозен ангажман во социјалниот активизам. Да се остварат образовните цели во странство, особено ако доаѓате од семејство со понизок социоекономски статус, подразбира конструирана потреба да се надминуваат пречки. И згора на сето тоа, ја имате и родовата нееднаквост. Како личност што успеала да се здобие со докторска диплома на престижен универзитет без да има лични средства за тоа, и како професорка што пишувала писма-препораки долги години, чувствувам дека можам да им помогнам на студент(к)ите со совети во процесот на остварување на нивните аспирации во високото образование. Мрежата Стела е можност за средба со жени од различни професионални и етнички потекла и за учење од нивните искуства. Верувам во силни менторски програми, и ги поддржувам мрежите за поддршка на жени што им помагаат да продолжат со студиите и професионално да се развиваат.