Координаторка на проектот „Промоција на хумани вредности“ во Црвениот крст на град Скопје. Главната цел на ПХВ е да ги вклучи младите луѓе со различно етничко потекло во заеднички проекти за градење меѓусебно разбирање, толеранција и култура на дијалог и поддршка на локалната заедница преку развој на мали проекти. Доброволната работа имаше влијание врз мојот живот. Станав волонтерка на 14-годишна возраст и низ годините на волонтерска служба ги зајакнав своите капацитети и добив можност професионално да работам со волонтери. Мојата главна движечка сила е да работам со млади луѓе, како и предизвикот да им помогнам да ја сменат својата секојдневна рутина, да развиваат и спроведат мал проект преку кој тие стануваат подобри граѓани и директно влијаат врз нашите заедници.