Како ги балансираме домашните и работните обврски?
Уморни ли сте од двојните стандарди?
Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата?

Ова се некои од прашањата кои тимот на Стела сака да ги отвори во заедниците низ Македонија. По Богданци, Куманово и Штип, Стела продолжува со иницирање дебати поврзани со локалните родови реалности, овој пат во Битола, со подршка на нашиот локален партнер: организацијата „Сумнал“ – Здружение за развој на Ромската заедница, Битола.

Преку споделување на сопствените перспективи, лични и професионални, на овој настан ќе ја слушнеме Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на „Сумнал“ како и Весела Богдановиќ, учителка и добитник на признанието „50 најдобри едукатори во Светот“.

Настанот ќе се одржи во Американското катче во Битола.