Како ги балансираме домашните и работните обврски?
Уморни ли сте од двојните стандарди?
Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата?

Овие и многу други прашања ги отвори тимот на Стела во заедниците низ Македонија. По првата сезона од дискусиите во кој посетивме пет заедници, Стела ја започнува втората сезона на дебати поврзани со локалните родови реалности, во Гостивар, со подршка на нашиот локален партнер: Центарот за женски права “ЕТИКА” Гостивар.

Преку споделување на сопствените перспективи, лични и професионални, на овој настан ќе разговараме со Албулена Карага и Весна Попоска.

Настанот ќе се одржи во салата на Советот на општина Гостивар.