Шеснаесеттата дискусија на тема „Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството – Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата“ ќе се одржи во Басино село, на 31 Мај со почеток од 18 часот.

На дискусијата Мирјана Трајкова и Беса Татеши ќе говорат за важноста на солидарноста помеѓу жените, за поместување на бариерите во општеството и ќе ја споделат својата животна и професионална приказна.

Дискусијата ја организира Стела во соработка со Организација на жени од Велес со цел да се отпочне отворен и инклузивен општествен дијалог за ситуациите со кои се соочуваат жените и девојките во академскиот, професионалниот и секојдневниот живот во земјата.

Ве очекуваме!