Тоа што студирав во Македонија и во странство, истоврмено учејќи различните култури, националности и религии ми помогна да се запознаам себе си. Покрај тоа, образованието ги прошири моето гледиште за различни теми на начин на кој никогаш не сум гледала до тогаш.
Мојата инспирација се силни жени – без разлика дали се околу мене или се добро познати. Да се види дека жената е силна, емотивно и финансиски независна, без да биде засегната од социјалните очекувања со тоа што треба да направат, е инспиративно и омоќнувачко. Нивните успешни приказни се одлична почетна точка не само за жените, туку и за поединците кои се стремат да живеат според нивните сопствени правила.