Клелија Живковиќ е уметница и дизајнерка од Скопје. Таа е магистер по social design на Универзитетот за применета уметност во Виена, каде што работела на институтот за уметност и образование како истражувачки асистент на проектот VisMath во 2014 и како координатор за кореспонденција во организацијата на регионалната конференција на InSEA во 2016. Други организации и институции со кои соработувала се Балканската Истражувачка Репортерска Мрежа, Фондацијата Ессл, Машински Факултет Скопје, Универзитетот во Наироби, Проектниот простор Прес ту Егзит и други. Во моментов живее и работи во Скопје како проектна координаторка на проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“ во Стела и предава Дизајн студио на академијата за графички дизајн на Brainster. Таа е ко-основач на организациите Платформата за граѓанско дејствување преку уметнички и културни пракси Социопач Скопје и Фантазмагорија. Нејзините истражувачки интереси се во насока на јавните добра, родовата еднаквост, и моделите на управување и со природните и човечките ресурси кои се практикуваат.