Блог

Повик за учество на обука на девојки и жени од Југозападниот регион за претприемништво

Стела објавува повик за учество на обука на девојки и жени од  Југозападниот регион ( Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа) за претприемништво која ќе се одржи во март 2020 г. Сите детали околу обучувач(к)ите, местото и времето на одржување на обуката, како и покривање на патните трошоци ќе бидат договорени со избраните кандидатки.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде модерирани од професионални обучувач(к)и кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните треба да се регистрираат на следниов линк https://forms.gle/N5pWQFcisrBujRVZ7 или да изразат интерес за учество на [email protected].

Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.

Post a comment