Дванаесетата дискусија на тема „Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството – Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата“ ќе се одржи во Велес.

На дискусијата Ленче Здравкин и Мирјана Трајкова ќе говорат за важноста на солидарноста помеѓу жените, за поместување на бариерите во општеството и ќе ја споделат својата животна и професионална приказна.

Дискусијата ја организира Стела во соработка со Организацијата на жени на Општина Велес со цел да се отпочне отворен и инклузивен општествен дијалог за ситуациите со кои се соочуваат жените и девојките во академскиот, професионалниот и секојдневниот живот во земјата.

Дискусијата ќе се одржи на 15 ноември, со почеток од 18 часот во салата на Месната заедница Трајко Панов.