Мрежа Стела организира вечерно, мотивирачко дружење на 18 декември 2019 од 19 ч. во Чифте амам во Скопје.

Целта на средбата е да се споделат информации за активностите на Стела и да се дискутираат важноста на менторството, солидарноста помеѓу жените и поддршката на нивното учество во опшествениот, политичкиот и економскиот живот. На настанот ќе биде присутен тимот на Стела, а поканети се да присуствуваат и претставнички и претставници на нашите партнери, дел од менторките и менторираните од Мрежата Стела, успешни претприемнички, но и поддржувачки и поддржувачи на нашата работа.  На средбата присутните ќе имаат можност да  се запознаат и поврзат,  да споделат искуства и мотивација.

За повеќе информации околу настанот и потврда на присуство обратетесе кај Наташа Иваноска, на e-mail [email protected]