Моментално работам како агентка за заштита на брендови. Уште кога бев дете, сонував да станам успешна и независна жена. За среќа, пораснав во семејство каде образованието беше најголем приоритет, и моите родители веруваа дека најдобрата инвестиција е во образованието. Откако завршив магистерски студии имав можност да се преселам во друга земја и да работам во областа на правото на интелектуална сопственост. Цврсто верувам дека образованието им овозможува на луѓето да бидат промената што сакаат да ја видат во светот. Мотото што јас би сакала да го споделам со останатите е дека „Заслужуваме и знаеме подобро кога сме обединети. Заедно можеме да ги подобриме животите на другите“.