Истражувачка на пост-дипломски студии на Правниот факултет на Квинс Универзитетот во Белфаст. Покрај тоа и експертка за земја во ЕЕЛН во Белгија и надворешна соработничка во ЕПИ во Македонија. Образованието длабоко ме промени. Тоа преобрази една несигурна девојка со благо наведната глава од семејство погодено од транизицијата во 90-тите, во независна, самоуверена и гласна жена. Исто така ми помогна да стекнам подобар увид во настаните и случувањата, како и да задржам критички став и во напорни времиња. Образованието го има преобразувачкиот потенцијал да ги растресува и демаскира односите на моќ. Поради ова, од суштинско значење е жените, кои можат да ги поддржат или да им помогнат на другите со нешто што го стекнале во своето формално или неформално образаование, да се активираат. Сите би требало да „подигнуваме додека се искачуваме“, без да изоставаме никого. Мојата главна движечка сила што би сакала да ја споделам со други жени е љубопитноста да го разоткријам и разберам светот, особено изворите на нееднаквост и односите на моќ вплеткани во нив, како и страста да го подобрам.