Блог

Стела продолжува со активностите за економско јакнење на девојки и жени

Стела неодамна започна со имплементирање на проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“ кој цели да ги поврзе жените и девојките кои работат/сакаат да работат во сродни области и да понуди информации за постоечките можности за економско вклучување и омоќување.

Стела цели кон економско омоќување на жените и девојките од руралните средини преку вмрежување со други жени и девојки и преку споделување на информации, можности и знаење.

Проектот ќе се спроведува регионално, поврзувајќи жени и девојки во претежно рурални општини во секој од трите плански региони со највисока стапка на невработеност: Југозападен, Североисточен и Полошки регион.

Во имплементирањето на проектот, Стела ќе соработува со различни министерства, општини, граѓански организации и професионални мрежи во земјата.

Проектот е поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Post a comment