Дипломирав на економскиот факултет при државниот универзитет „Кирил и Методиј“. Иако знаењето што го добив таму е многу важно и ми даде силна основа, сепак не беше доволно. Областа што учев се развива постојано и затоа морав да знам повеќе од тоа што ни предаваа. За време на студиите се приклучив на студентската организација за да добијам повеќе практични вештини и тоа ми ја донесе мојата прва работа. Кога бев втора година започнав да работам на национална ТВ во утринското шоу. Универзитетот многу ме научи за економија и маркетинг, но многу малку знаев за новинарството, продукцијата и општо за телевизијата. Затоа учев додека го работев тоа. Читав многу за тоа и одев на индивидуални часови за читање и работа пред камера (и тука го трошев најголемиот дел од мојата плата), но вредеше. Верувам дека е важно да се има традиционално образование, но мора да пронајдете модел на учење, прилагодена за Вас и за Вашиот кариерен развој.

Да се биде жена не е лесно (дури и во 21 век), но е убаво. Имаме различен пристап кон нештата, жесток и љубезен во исто време. Работев во области во кои не е лесно да се биде млада жена. Мора да работите понапорно, за да ја докажете својата вредност. Повеќето од нас се судени според изгледот – Ако сте убави, не сте толку паметни, ако не се сметате за прилично убави, мора да бидете фрустрирани, итн. Јас работев во телевизија, политика / финансии и односи со јавноста, беше / и е, забавно, но не е лесно. Имаше мажи и жени кои ми го отежнуваа патот, но секогаш тука беа моите менторки. Силните и инспиративни жени кои ми помогнаа многу и сè уште се тука за мен. Јас би сакал да ги споделам моите вештини, поддршка и знаење (иако сум далеку од тоа да знам многу) со други жени.
Безразлика дали започнуваш нова кариера, сакаш да развиеш нови вештини или ти треба некој совет, знај- „Јас сум твоја девојка“.