Проектна раководителка. Цврсто верувам дека образованието е патот до личното ослободување на жените и напредокот на целото општество. Отсекогаш сум сакала да искусам како изгледа се студира во странство. Напорната работа се исплатеше и ја добив Фулбрајтовата стипендија за магистерски студии во САД. Ова искуство ми помогна да се изградам и професионално и лично, и беше искуство што ми го смени животот и ме насаочи. Квалитетното образование е најсилната основа што ќе ја носам во текот на целиот живот и кариера. Многу ми е мило што имам можност да го споделам своето искуство за тоа како (со помош на жените што ми биле пример) си зададов цели да ги остварам моите образовни достигнувања, стипендии и работа во невладиниот сектор. Можам да дадам увид во тоа како е да се биде млада жена на раководна позиција, моите падови и подеми. Активното граѓанство и јавното учество се концепти кои верувам дека треба да се охрабруваат кај жените денеска, и би сакала повеќе да разговарам со жените за тоа на кој начин јавните политики влијаат врз нив поинаку отколку на мажите, и зошто интегрирањето на родовата компонента во донесувањето на политиките е важно.