Вљора Речица во моментов работи како истражувачка и програмска менаџерка во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во Скопје и треба да ги започне магистерските студии по компаративна политика на Лондонската школа за економија и политички науки во септември 2019 година. Доаѓајќи од конзервативна земја, наоѓањето работа соодветна за жени отсекогаш било приоритено. За да го оспори ваквото однесување, нејзината цел е да работи кон општество што ги охрабрува жените да преземаат предизвици и да ги нормализираат нестандардните работни места за жените. И покрај тоа што работното место може да биде многу важно место за зајакнување на девојките и жени, таа верува дека исто толку е важно да се мотивираат девојчињата и жените да се приклучат кон нови работи и да направат нешто поразлично. Вљора верува дека преку мрежата на Стела ќе може да работи кон општество кое е поотворено за жените на многу начини: не само удобност на работното место, туку и место каде се прославува „различното“ и не се смета за несоодветно.