Ерлин Агич моментално е докторантка и хуманитарна работничка. Нејзините истражувачки интереси се во областа на креирањето политики во комплексни хуманитарни околности.
Што ја прави длабоко посветена на Стела? Менторството има одиграно клучна улога во нејзиниот академски и професионален развој. Гледајќи наназад може да се заклучи дека повеќето од нејзините ментор(к)и всушност биле жени. За жал, има многу млади девојки во Северна Македонија кои немале систем на поддршка како тој на Ерлин и другите ко-основачки на Стела за време на нивнисте студии и кариерти. И токму така се роди иницијативата за Стела, како платформа што им дава можност на жените и девојчињата да побараат менторство во своите академски и работни подвици. Ерлин е убедена дека жените кои си помагаат една со друга не се придобивка само за себе, туку за целото општество.