Лура Положани е советничка на Премиерот на Република Северна Македонија за соработка со меѓународни организации. Таа е исто така и докторантка на Универзитетот во Грац за прашања од пристап до државјанство за различни групи. Таа има претходно работено на Универзитетот во Грац и на Универзитетот во Приштина, како и во Европскиот центар за малцински права (ЕЦМП) на Косово. Жените и малцинствата честопати се оддалечени од јавните дискусии и од донесувањето одлуки. Од таа причина, Лура отсекогаш верувала дека е важно да се воспостави јавен простор каде се слуша женскиот глас, а особено кога тие се соочуваат со дополнителни предизвици на маргинализација заради нивното малцинско потекло. Учеството на жените во јавниот живот е клучно за целокупното општество. За неа, Стела е плод на инспиративно патување и напори низ различни локации во Македонија и Косово каде има обучувано различни групи за правата на малцинствата и родовата еднаквост. Според нејзиното искуство како тренер, прашањето за родова еднаквост секогаш предизвикуваше страстни и честопати вжештени разговори. Честопати се претпоставува дека родовата еднаквост е табу тема во традиционалните, патријархални општества. Сепак, она што Лура го откри преку своите дискусии со различни групи не е дека предметот е табу, туку дека има недостаток на активно ангажирани лица во дискутисиите за улогата на жените во јавната и приватната сфера, како и нивните права во рамките на двете. Овие дискусии, иако не секогаш лесни и пријатни, отсекогаш биле конструктивни и потребни да се имаат. Стела за неа претставува можност да се создаде отворен, партиципативен форум за дискутирање за еднаквоста и рамноправноста на жените.